Продуцентот Русе Арсов е назначен за в.д. директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), велат од Град Скопје.
Арсов, долгогодишен програмски директор на МКЦ, доаѓа на местото на Златко Стевковски, кој како што велат од Град Скопје, си поднел оставка од лични причини.
Стевковски беше директор на МКЦ и на киното Милениум од 2010 година, а претходно раководеше со Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје.
Од Град Скопје додаваат оти, според Законот за работни односи, за в.д директор е назначен вработен од институцијата, додека не се распише конкурс за нов директор.
Арсов е истакнат продуцент и долгогодишен програмски директор на настаните кои ги организира МКЦ, како фестивалите Млад отворен театар, Синедејс, Здраво млади, Земјотрес и голем број ликовни изложби.