ПРОМОЦИЈА НА „СЕЛО ЗАД СЕДУМТЕ ЈАСЕНИ“ НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ, ПРВПАТ РЕОБЈАВЕН ПО 67 ГОДИНИ

    ПРОМОЦИЈА НА „СЕЛО ЗАД СЕДУМТЕ ЈАСЕНИ“ НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ, ПРВПАТ РЕОБЈАВЕН ПО 67 ГОДИНИ„Село зад седумте јасени“ официјално е првиот македонски роман, објавен во 1952. Јаневски во еден момент се откажал од авторството на романот и во 1965 го објавил романот „Стебла“ како втора верзија од „Село зад седумте јасени“

    Вечерва во 19 часот во Клуб ресторанот МКЦ ќе има промоција на првото реобјавување на првиот македонски роман „Село зад седумте јасени/Стебла“ од Славко Јаневски.

    Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ најавува дека вечерва ќе биде промовиран и првиот број на списанието „Архив Јаневски“.

    „’Село зад седумте јасени’ официјално е првиот македонски роман, објавен во 1952 . Од тогаш поради разни причини не е повеќе реобјавуван сѐ до појавата на ова издание. Јаневски во еден момент се откажал од авторството на романот и во 1965 го објавил романот ‘Стебла’ како втора верзија од ‘Село зад седумте јасени’. Во изданието што ќе го промовираме, опфатени се двата романа така што тоа е е уникатна можност тие да се споредат и да се протолкуваат мотивите за контроверзната одлука на Јаневски“, вели Фондацијата. Делови ќе читаат Мери Каровска и Владимир Петровиќ, а ќе настапи квартетот на Гоце Стевковски.

    Покрај романите, ќе биде промовиран и првиот број на списанието „Архив Јаневски“, насловен „Јавач на комета“. Планирано е списанието да излегува еднаш годишно и, главно, да се занимава со артефактите од животот и творештвото на Јаневски, но и со останатите аспекти на живата култура и општествените прашања. Првиот број во целост е посветен на ликовното творештво на Славко Јаневски и содржи стотина помалку познати репродукции од масла на платно од него.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари