ПРОСТОРИИТЕ ЗА ЏЕЗЕРИТЕ ПОД ОПЕРАТА ТРЕБА ДА БИДАТ ГОТОВИ ДО КРАЈОТ НА МАЈ ИЛИ ЈУНИ

    ПРОСТОРИИТЕ ЗА ЏЕЗЕРИТЕ ПОД ОПЕРАТА ТРЕБА ДА БИДАТ ГОТОВИ ДО КРАЈОТ НА МАЈ ИЛИ ЈУНИВицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, генералниот директор на ТАВ Фатих Кан, министерката за култутра Костадиновска- Стојчевска и директоеор на џез оркестарот Гоце Стефковски (Фото: К. Попов)

    До крајот на мај или почетокот на јуни ќе бидат готови просториите доделени на Националниот џез оркестар, кои џезерите го добија како траен дом од Владата, најави министерката за култура Бисета Костадиновска- Стојчевска.

    Денеска почнаа да се реновираат подрумските простории под Операта, а на почетокот на реновирањето дојдоа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, генералниот директор на ТАВ Фатих Кан и вицепремиерката Славица Грковска.

    „На околу 500 квадратни метри, ќе имаме најсовремени простории за работа на оркестарот, со простории за проби, магацин за инструменти, канцеларии за администрација, студио за снимање и режија и сето она што е неопходно за квалитетно творештво“, кажа  Костадиновска- Стојчевска.

    „Овој проект вреден 10 милиони денари, е еден од 95-те специјални проекти на Владата кои ги финансира ТАВ, а истите се со вкупна вредност од 49.7 милиони евра“, рече Фатих Кан. Претходно, тој најави дека до крајот на годината ќе бидат завршени вкупно 70 проекти од 95-те кои ги финансира ТАВ.

    Денеска почнаа да се реновираат подрумските простории под Операта каде што ќе бидат смесети џезерите (Фото: К. Попов)

    „Кога го потпишувавме овој договор пред 3 месеци реков: ‘Изгради свет и луѓето ќе дојдат’. Денеска започнуваме со изградба на еден токму таков свет, место на кое ќе се среќаават сите кои го сакаат џезот“, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

    На пресот беа и Гоце Стефковски, директорот на Националиот џез оркестар и диригентот Џијан Емин, како и претставници на архитектонското биро „Мегарон инженеринг“ кои се автори на проектот.

    М. ЏАРОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира