РЕТРОСПЕКТИВАТА НА КОНДОВСКИ ДАВА РЕДОК УВИД ВО ДОМАШНАТА КОЛЕКЦИЈА НА УМЕТНИКОТ

    РЕТРОСПЕКТИВАТА НА КОНДОВСКИ ДАВА РЕДОК УВИД ВО ДОМАШНАТА КОЛЕКЦИЈА НА УМЕТНИКОТИзложени се 95 дела, од кои само пет се позајмени од други места (Фото: К. Попов)

    Полн беше Даут пашин амам на синоќешното отворање на изложбата на Димитар Кондовски, еден од најзначајните македонски современи сликари. Тоа не е само првата ретроспектива на големиот уметник во последните три децении, туку е и исклучително ретка можност да се ѕирне во неговата домашна колекција на слики.

    Изложбата ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во присуство на членови на семејството Кондовски (Фото: К. Попов)

    Од 95 изложени дела, само пет се позајмени од други места, а останатите 90 грижливо ги чува семејството, при што повеќето од нив не се видени во јавност уште од времето кога Димитар Кондовски беше жив.

    Ремек-дело до ремек-дело, изложбата ги опфаќа сите фази од творештвото на Кондовски, прикажувајќи како тој се менувал и развивал стилски низ децениите, без да изгуби трунка од својата генијалност и креативност.

    (Фото: К. Попов)

    Кондовски (1927-1993) дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1952, во 1958 бил на студиски престој во Париз, а во 1961/62 специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1972 до 1980 бил професор на Педагошка академија во Скопје, а потоа предавал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје до 1987. Самостојно излагал во Скопје, Загреб, Рим, Зрењанин, Нови Сад, Тетово, Белград, Њујорк, Сиетл и Торонто, автор е на голем број театарски и телевизиски сценографии, а има опремено и стотици публикации со повеќе од 2.000 илустрации.

    Изложбата ќе биде отворена во следните три месеци.

    Г. КОНЕВ

    (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    И претседателот Пендаровски дојде на отворањето (Фото: К. Попов)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира