РЕЖИСЕРОТ ВАСИЛ ХРИСТОВ ГО ДОБИ МАКСИМУМОТ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ, 565 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НОВИОТ ФИЛМ „ВЕЧЕРЕН АКТ“

    РЕЖИСЕРОТ ВАСИЛ ХРИСТОВ ГО ДОБИ МАКСИМУМОТ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ, 565 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НОВИОТ ФИЛМ „ВЕЧЕРЕН АКТ“Васил Христов е познат театарски режисер, а лани на Синедејс имаше премиера на филмот „Еј!“, 90-минутна политичка сатира (Фото: МИА)

    Режисерот Васил Христов ги доби максималните 565.853 евра од Агенцијата за филм за долгометражниот игран филм „Вечерен акт“ во продукција на „Кино око“ на Роберт Насков. Технички, ова е втор филм на Христов, кој е познат театарски режисер, по 90-минутната политичка сатира „Еј!“ што беше снимен во независна продукција пред 11 години, а премиера имаше лани на Синедејс. „Еј!“, со приказана за исчезнувањето на македонскиот премиер, по премиерата лани играше и на редовниот кино репертоар во Скопје.

    Агенцијата за филм додели 1.065.040 евра за 15 филмови во првиот рок од Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм за 2019.

    Годинава е поддржан само еден долгометражен филм со мнозински македонски удел, пет долгометражни со малцински македонски удел, три дебитански долгоментражни документарци со мнозински македонски удел, два кратки играни со мнозински македонски удел, два дебитански кратки играни филмови со мнозински македонски удел, еден краток документарец со мнозински удел и еден краток анимиран со мнозински удел.

    Во категоријата долгометражни играни филмови со малцински македонски удел поддржани се проектите: „Празник на трудот“ на босанскиот автор Пјер Жалица и продукцијата „Сестри и брат Митевски“   (65.040 евра), „По тамбурите“ на  на Станислав Томиќ и „Круг филм“ (60.162 евра), „Молк на сирените“ на Газменд Нела и „Скопје филм студио“  (48.780 евра), „Ноќен квартет“ на Винко Модерндофер и „Сектор филм“ (45.528 евра) и „Скајп“ на Иса Чоса и „Пигменто студио“ со 42.276 евра.

    Кратки играни филмови со мнозински македонски удел ќе снимаат Марија Апчевска – „Северниот пол“ со „Кино око“ за 35.772 евра и Берат Асани – „Сети се“ со „ОДА“ од Тетово за 35.772 евра.

    Во останатите категории, Агенцијата за филм ги поддржа проектите на: Николче Поповски, Филип Херин, Коста Марковски, Александра Кардалевска, Лавинија Софрониевска, Анастасија Л. Пиллинг и на Крсте Господиновски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира