РОБЕРТ ПАТИНСОН Е НОВИОТ БЕТМЕН

    РОБЕРТ ПАТИНСОН Е НОВИОТ БЕТМЕНПрвиот филм на Патинсон како Бетмен ќе излезе во 2021 (Фото: Шатерсток)

    Роберт Патинсон, кој се прослави со филмскиот серијал „Самрак сага“, ќе биде новиот Бетмен, потврди студиото „Ворнер брос“. Тој ја наследува оваа популарна улога од Бен Афлек, чии филмови „Бетмен против Супермен“ и „Лига на правдата“ поминаа разочарувачки кај критиката и фановите.

    Првиот филм на Патинсон како Брус Вејн/Бетмен ќе биде „Бетмен“ (The Batman), што ќе го режира Мет Ривс и треба да излезе во јуни 2021 година. Тој првично требаше да почне да се снима пред две години, но во меѓувреме Афлек се откажа и од режисерката позиција, по што Ривс самиот го развиваше проектот.

    Сега 33-годишен, Патинсон успеа да ја надмине фазата на тинејџерски идол и секс симбол и успешно ја разви кариерата по серијалот „Самрак“. Неговиот последен филм „Светилник“ беше одлично прифатен во Кан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира