Британската рок легенда Стинг, еден од најзначајните современи музичари во светот, вечерва ќе има концерт во Скопје, во „Борис Трајковски“, како дел од светската турнеја за неговиот последен албум „57-ма & 9-та“.
Стинг ќе настапи со своите долгогодишни соработници, гитаристите Доминик Милер и Руфус Милер, тапанарот Џош Фрис, а специјален гостин ќе биде неговиот син Џо Самнер.
„Авалон продукција“ која го организира концертот соопшти дека вратите за фан пит секцијата се отвораат во 18.30 часот, а концертот почнува во 20 часот.
Концертот беше распродаден за само 10 часа уште на 2 јуни, првиот ден кога билетите беа пуштени во продажба.