САМУРАЈСКИТЕ ПРИКАЗНИ НА МАКЕДОНСКИОТ УМЕТНИК МЕНСУР БОЈДА НА ИЗЛОЖБА ВО ЊУЈОРК

    САМУРАЈСКИТЕ ПРИКАЗНИ НА МАКЕДОНСКИОТ УМЕТНИК МЕНСУР БОЈДА НА ИЗЛОЖБА ВО ЊУЈОРКБојда, кој живее во Њујорк, изложбата „Пресоздавање“ ќе ја от ори во Слипцентарот на Менхетн

    Македонскиот уметник Менсур Бојда, кој подолго време престојува во Њујорк, на 9 септември ќе ја отвори својата самостојна изложба во галеријата на Слипцентар во Чајнатаун на Менхетн. Ова е негово второ претставување во Слипцентар, по заедничкиот мултимедијален  проект „Ќерките на Троја“,со кој се поддржува работата на форум во кој меѓу учесниците е и Бојда, а кој го промовира дијалогот на различни уметнички правци и култури од целиот свет.

    За својот нов проект, Бојда, кој по Академијата во Скопје се доусоврши на Ликовната академија во Белград, вели дека „Пресоздавање“ (Remade) е продолжение на изложбата „Пушти ме татко“ (Let me go Father), која го задржува и развива интересот за идејата за манипулативната способност да го освои посилниот.

    Во „Пресоздавање“ Бојда  прави алузија на филмовите на Куросава „Јоџимбо“ од 1961 и „Санџуро“ од 1963 и додава: „Позициониран помеѓу фракцијата на две осудувачки и деструктивни моќи, морално сива индивидуа наоѓа начин да ги уништи двете страни. Успехот да се уништи оваа билатерална структура се наоѓа во манипулативни интеракции со животнатa средина. Оваa политичка визија јапонскиот режисер Куросава ja развива и во текот на неговата кариера, тој е познат по поставувањето нa бинарна ситуација во која публиката е сведок на двете страни. Кога невработен самурај, кој го носи името Санџуро, влегува во градот, тој опортунистички ја нуди својата служба како борец на двете страни. Постапувајќи се како катализатор без поттик за успех за која било партија, Санџуро ја вознемирува опасната динамика со експлотирањe на желбите на секоја банда за моќ и богатство. По укинувањето на бандите и нивните ресурси кои се користат за монополизирање на градот, Санџуро останува уште еднаш без никакви средства и цели и заминува со ништо друго освен неговото искуство. Гледајќи го лудилото на алегорискиот град, сите што може да направат е да се смеат на апсурдната, самоуништувачка природа на човештвото“.

    Толкувањето на Менсур Бојда на оваа тема оди преку создавање на двострани површини кои се разликуваат само со комплементарни бои и поставување фигура со тенденции на неурамнотежување. Преку уметнички елементи на комплементарни бои, повторени композиции и адаптации прикажани во фриз на слики, од еден до триптих, Бојда гради потпирање и конекција помеѓу потеклото на идејата од ноар класици, преку филмовите на Куросава и понатамошните шпагети и вестерн римејкови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира