СИТЕ СМЕ ГОЛИ И БОСИ, ПРОТЕСТИРААТ АВТОРИТЕ НА ЗАБРАНЕТИОТ ПЕРФОРМАНС НА „БРАЌА МАНАКИ“

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:424:"РежисеротМартинКочовскиикоавторотГорјанМилошоскииспратијапротеснописмозацензуратананивниотперформанссокојтребашедасезатворифестивалотобвинувајќигоорганизаторотдеканаправил„одвратенпуританскинапад“";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИТЕ СМЕ ГОЛИ И БОСИ, ПРОТЕСТИРААТ АВТОРИТЕ НА ЗАБРАНЕТИОТ ПЕРФОРМАНС НА „БРАЌА МАНАКИ“

    „Сакаме да кажеме „Movie On!” ама фашистичките мозоци не’ тегнат назад. Овде треба да направиме место за „Feel the Light!“ ама тоа не се случува како и нашата готова изведба „Будење на пролетта““„ напишаа во потесно писмо за цензурата на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ режисерот Мартин Кочовски и коавторот Горјан Милошевски.

    „Movie On!“ и „Feel the Light!“ се слогани на Фестивалот „Браќа Манаки“.

    Изведбата на перформансот беше забранета вчера од организаторите на фестивалот на ден пред свеченото затворање.

    Уметниците, креативци кои ја подготвуваа изведбата во писмото напишаа дека преку неа коментирале сериозни животни теми и актуелен политичко-социјален статус на светско и домашно ниво. Новиот перформанс требашее да биде продолжение на оној од отворањето на фестивалот, наречен „Циклуси на животот“ во кој како што велат уметниците на сцена го пуштиле презирот против фестивалската „буржоазија од епрувета“ која сака да глуми дека живееме во розов свет, а всушност луѓето во него се борат за гола егзистенција.

    „Под овој режим дефилираат реклами и прилози за нашите убави краеви, за тоа колкава среќа е да се роди дете во оваа земја, за економија што блеска, а кога ќе отвориме врата… Кое дете? Каква економија? Абе луѓето не знаат каде глава да свртат, на кој број да свртат за да најдат некоја привремена работа (чистачка, келнер, таксист, билетар во кладилница)  за да земат пари за леб. Гледаме општа беда и бегство на млади и постари луѓе, бегство од овој моментален пекол од земја“, пишуваат Кочовски и Милошевски во протесното писмо.

    Цензурата на нивната изведба ја доживуваат како политичка блокада на една уметничка креација која имала за цел да навести доаѓање на ново време.

    „Ова е одвратен пуритански напад“, обвинуваат авторите Кочовски и Милошевски. Ова е политичка блокада на еден моќен, убав ангажман на група „луди“ театарџии кои со ретка страст сакаат да донесат свежина на сцената и да навестат време кое треба да дојде, не’ чека и секако доаѓа. Ова е удар на посветата да се покаже дека ни треба слобода за да се откриеме себе си. Само преку тоа откривање можеме да достигнеме зрелост во нашиот човечки вид, во нашето „Movie On!“, напред“ напишаа во писмото Кочовски и Милошевски.

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира