„СКОПЈЕ 2014“ ЌЕ СЕ БРИШЕ ОД РЕГИСТАРОТ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

    „СКОПЈЕ 2014“ ЌЕ СЕ БРИШЕ ОД РЕГИСТАРОТ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО„Во 2018 година ќе спроведеме и ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект ‘Скопје 2014“, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство“, најави министерот за култура Роберт Алаѓозовски на претставувањето на Стратегијата за развој на културата 2018-2022 и aкцискиот план (Фото М. Златевска)

    Објектите од контроверзниот проект „Скопје 2014“, за кој владата на Никола Груевски потроши 700 милиони евра, ќе бидат избришани од Регистарот на културно наследство каде се  незаконски впишани како споменици, најави министерот за култура Роберт Алаѓозовски на претставувањето на Стратегијата за развој на културата 2018-2022 и aкцискиот план.

    „Во 2018 година ќе спроведеме и ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект ‘Скопје 2014“, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство“, рече Алаѓозовски.

    Со усвојувањето на Стратегијата за развој на културата 2018-2022 и aкцискиот план, Владата отвори процес на темелни реформи, преструктуирање и обнова на културниот систем во Република Македонија, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски (Фото: Влада на РМ)

    Со усвојувањето на Стратегијата за развој на културата 2018-2022 и aкцискиот план, Владата отвори процес на темелни реформи,  преструктуирање и обнова на културниот систем во Република Македонија, рече министерот за култура, а најави и поддршка на граѓанскиот и на независниот културен сектор, интердисциплинарните уметности и културните и креативните индустрии.

    „Во изминатите месеци спроведовме повеќе институционални акции, со кои го спречивме пропаѓањето на културниот систем во повеќе сегменти и непродуктивното трошење на парите на граѓаните. Поконкретно, изменивме четири закони, го запревме пропаѓањето на културното наследство, ги оневозможивме клиентелистичките привилегии и стопиравме да се одлеваат пари за ‘Скопје 2014’. Подготвивме буџет и спроведуваме активности со кои ги враќаме долговите за да спречиме огромни камати, ги санираме објектите на културата и овозможуваме проекти на голем број актери во културата“, рече Алаѓозовски.

    Тој најави дека ќе се поддржат иницијативи за отворање нови културни установи или преземање на постоечките од општините. Планирана е и анализа на состојбите во установите и Управата за заштита на културното наследство. Ќе се изработи стратегија за заштита и подготовка на нов Закон за заштита на културното наследство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира