СКОПСКАТА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈНОТ ПОСВЕТЕНА НА МЛАДИ БРЕНДОВИ ВО ПОДЕМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СКОПСКАТА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈНОТ ПОСВЕТЕНА НА МЛАДИ БРЕНДОВИ ВО ПОДЕМ

    Шестото издание на Скопската недела на дизајнот, што почнува вечерва (21 часот) во „Јавна соба“, оди со мото Млади брендови во подем, за да ги поттикне и поддржи локалните дизајнери во освојувањето на регионалниот и меѓународниот пазар, но и да им даде самодоверба за повидливо присуство на домашниот пазар.

    Манифестацијата ќе трае до 27 ноември, а земја во фокус е Австрија од каде доаѓаат 28 изложувачи. Според организаторите, се поставува платформа која ќе ги надгради досега стекнатите организациски и комуникациски искуства. Главната програма традиционално се задржува на промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава.

    Најавено е гостување на Зоран Једрејчиќ, еден од најуспешните дизајнери во регионот, кој ќе го претстави концептот на Белградскиот саем за мебел, односно новата акција за Дизајн брендови од регионот и нивно директно поврзување со меѓународни купувачи и дистрибутери.

    Ќе биде претставена и платформата „Балканска дизајн мрежа“, а првпат ќе бидат доделени и награди за најперспективен бренд и за студентски дизајн. На програмата се и две работилници за деца, концерти секоја вечер на сцената во „Јавна соба“ и кулинарски настани.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира