СКОПСКИОТ АКВАДУКТ ЌЕ СЕ РЕСТАВРИРА СО ГРАНТ ОД 205.000 ДОЛАРИ ОД АМБАСАДОРСКИОТ ФОНД НА САД

    СКОПСКИОТ АКВАДУКТ ЌЕ СЕ РЕСТАВРИРА СО ГРАНТ ОД 205.000 ДОЛАРИ ОД АМБАСАДОРСКИОТ ФОНД НА САДАквадуктот на 20 април 2021 беше прогласен за споменик од особено значење и со тоа доби највисок степен на заштита, но остана запуштен и затрупан со ѓубре. (Фото: СДК.МК)

    Скопскиот Аквадукт, споменик на културата од особено значење и значаен белег на градот, ќе биде реставриран со грант од 205.000 долари од Амбасадорскиот фонд за културно наследство на САД, соопшти денеска амбасадорката Анџела Агелер која го посети споменикот од 6 век заедно со министерот за култура Зоран Љутков. Таа рече дека проектот ќе се фокусира и на зачувување на Аквадуктот и на негова промоција во следните 2-3 години.

    „Се надеваме дека ќе ги видиме плодовите од овој комплексен проект до 2028 година, навреме за прогласувањето на Скопје за европска престолнина на културата“, рече Агелер.

    „Се надеваме дека ќе ги видиме плодовите од овој комплексен проект до 2028 година, навреме за прогласувањето на Скопје за европска престолнина на културата“, рече Агелер. (Фото: СДК.МК)

    Министерот Љутков рече дека дека од 2001 година досега од Амбасадорскиот фонд за културно наследство на САД, за зачувување, конзервација и реставрација на нашето културно наследство се доделени околу 2 милиона долари.

    Аквадуктот на 20 април 2021 беше прогласен за споменик од особено значење и со тоа доби највисок степен на заштита. Но, остана запуштен и затрупан со ѓубре. На 21 април годинава, во чест на Денот на планетата Земја, граѓаски активисти имаа акција за чистење на Аквадуктот.

    Според интернет страницата на Конзерваторски центар Скопје, под чија надлежност е Аквадуктот, за 2024 е планирана третата фаза од проектот за конзерваторско-реставраторски работи, за која се предвидени над 64 илјади евра. Реставрацијата на Аквадуктот започна во септември 2021, а во првите две фази досега се изведуваше од стабилизација на столбовите.

    Министерот Љутков и амбасадорката Агелер и денеска го претставија реставрираниот монументален Споменик на слободата во Кочани кој е уметничко-архитектонско дело на Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ. Споменикот од 2022 се реставрираше со американски грант од 254.300 долари преку Амбасадорскиот фонд на САД, што го доби Општина Кочани од Американската амбасада во Скопје. Ова е прва поддршка од овој фонд за реставрација на споменик од современата македонска уметност што ја чествува и борбата против фашизмот.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира