СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР ЌЕ ЈА ОТСТАПИ СЦЕНАТА И ТЕХНИКАТА НА НЕЗАВИСНИТЕ ТЕАТАРЏИИ ЕДНА НЕДЕЛА ВО ЈАНУАРИ

    СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР ЌЕ ЈА ОТСТАПИ СЦЕНАТА И ТЕХНИКАТА НА НЕЗАВИСНИТЕ ТЕАТАРЏИИ ЕДНА НЕДЕЛА ВО ЈАНУАРИНеделата на претстави од независната продукција ќе се одржи од 14 до 18 јануари 2025. (Фото: Драмски театар)

    Драмски театар од Скопје ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е објавен на нивната официјална страница, а ќе трае до 30 декември.

    Неделата на претстави од независната продукција ќе се одржи од 14 до 18 јануари 2025.  По селекцијата, Драмски ќе ги отстапи Големата сцена „Ристо Стефановски“ и Малата сцена, како и потребната техника.

    „Со поддршката на независната сцена Драмски театар иницира создавање на силна мрежа на театарската заедница од различни генерации актери, режисери, драматичари, сценографи, костимографи и мултимедијални уметници. ‘Неделата на претстави од независната продукција’ е замислена како платформа за контакти на уметници кои внесуваат свежина, динамика, понекогаш и неконвенционален пристап во процесот на создавање на театарските претстави, што може да води до идни соработки, копродукции и проекти“, велат од Драмски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира