„СКРИЕНИ ЖЕЛБИ, НЕМИРНИ ПАТУВАЊА“ ОД ВЛАДИМИР ЈАНКОВСКИ Е МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА НАГРАДАТА ЗА ЛИТЕРАТУРА НА ЕУ ЗА 2022

    „СКРИЕНИ ЖЕЛБИ, НЕМИРНИ ПАТУВАЊА“ ОД ВЛАДИМИР ЈАНКОВСКИ Е МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА НАГРАДАТА ЗА ЛИТЕРАТУРА НА ЕУ ЗА 2022Јанковски е номиниран покрај 13 други европски автори (Фото: С. Димоски)

    Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски, во издание на „Антолог“, е македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија за 2022 година. Оваа награда, со која се истакнуваат најдобрите нови прозаисти од Европа, се доделува од 2009.

    Покрај Јанковски, оваа година учествуваат и автори од Австрија, Белгија, БиХ, Грузија, Грција, Ирска, Италија, Литванија, Норвешка, Романија, Словачка, Шпанија и Украина.

    „Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман, во кој приказните за четири лика што живеат во Скопје се комбинираат со приказните за педесетина ликови од различни географски точки. Книгата се занимава со односот помеѓу реалното и виртуелното, прашањето за професионалниот успех и успехот во светот на уметноста и со врската помеѓу надворешните постигнувања и потрагата по себе.

    Јанковски (1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. „Скриени желби, немирни патувања“, за кој ја доби наградата „Роман на годината“ за 2020 година, е негов трет роман, по „Невидливи љубови“ (2015) и „Вечно сегашно време“ (2010).

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира