СКУЛПТУРИТЕ НА ПЕТАР ХАЏИ БОШКОВ ВО СТОБИ СЕ ПОТСЕТНИК НА ПОДЗАБОРАВЕНАТА МОДЕРНА УМЕТНОСТ – ФОТОГАЛЕРИЈА

    СКУЛПТУРИТЕ НА ПЕТАР ХАЏИ БОШКОВ ВО СТОБИ СЕ ПОТСЕТНИК НА ПОДЗАБОРАВЕНАТА МОДЕРНА УМЕТНОСТ – ФОТОГАЛЕРИЈАИзложбата е насловена „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“, а делата се од семејното наследство на неговиот син Игор Хаџи Бошков. (Фото: К. Попов)

    Во античкиот локалитет Стоби вчера беше отворена репрезентативна изложба на дела од македонскиот вајар и скулптор Петар Хаџи Бошков (1928-2015). Изложени се 40-тина дела, кои досега како семејно наследство беа чувани во ателјето на авторот. Тие до 11 октомври ќе бидат поставени на повеќе локации низ локалитетот Стоби, специфични простори, не случајно одбрани.

    Со изложбата насловена „Откривање на иднината, археологија на модерноста“, се враќа подзаборавената македонска модерна, современа уметност.

    Скулптурите на Хаџи Бошков се спој меѓу заштитеното културно добро со современото, кажа кураторот на изложбата Владимир Јанчевски.

    „Кај пошироката публика постои проблем, како да се разбере македонската модерна уметност. Петар Хаџи Бошков е симболот, може да се каже највисоката точка на таа модерна. И не случајно тој е одбран за едно вакво претставување. Зборуваме за човек со светски широк дух, космополит, во неговите дела не можеме да најдеме обележја кои отсликуваат конфликт. Тој е преокупиран со формата, длабоко свесен за времето во кој создава, за разлика од некои други, кои се затвораат во уметничкиот свет, без да реферираат на тоа што е нивното време“, рече Јанчовски.

    Кураторот Јанчевски, директорот на НУ „Стоби“ Перовски и министерката за култура Ирена Стефоска. (Фото: К. Попов)

    Изложбата го реактуелизира прашањето за местото на модерната денес. Делата на Хаџи Бошков, кои се културно наследство ги бараат своите врски со античката уметност.

     

    Делата се поставени на повеќе локации низ локалитетот Стоби, специфични простори, не случајно одбрани. (Фото: К. Попов)

    „Скулптурите ги реафирмираат вредности што ги има модернизмот во земјава, а кои беа тргнати од нашето сеќавање“, рече Стефоска.

    Изложбата е дел од визијата на директорот на Националната установа „Стоби“ Спасе Перовски, локалитетот до биде жив град, да има активности и настани. Така по театарот и музиката, просторот се отвора за нова уметност, преку изложба. Таа во целост е финансиски поддржана од Министерството за култура и дел од годишнатапрограма на Музејот на современа уметност (МСУ).

    (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира