СО ШЕРБЕЏИЈА МИ Е ПОДОБРО ОД БЕЛУЧИ, ВЕЛИ ПЕПИ МИРЧЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО ШЕРБЕЏИЈА МИ Е ПОДОБРО ОД БЕЛУЧИ, ВЕЛИ ПЕПИ МИРЧЕВСКИ

    Популарниот битолски актер Пепи Мирчески игра со Моника Белучи во филмот „На млечниот пат“ на Емир Кустурица, што имаше светска премиера во конкуренција за Златен лав на фестивалот во Венеција (Фото: Од личната архива на Петар Мирчевски)

    Актерскиот доајен Петар Мирчевски кој играше заедно со италијанската ѕвезда Моника Белучи во „На млечниот пат“, вечерва во Битола на отварањето на фестивалот „Браќа Манаки“  рече дека поубаво му е на црвениот килим со славниот актер  Раде Шербеџија. Фестивалот се отвора со премиерата на македонско-хрватско-финската копродукција „Ослободувањето на Скопје“, што е режисерско деби на Раде Шербеџија и син му Данило. Пепи Мирчевски игра една од улогите во филмот.

    „Со Раде ми е подобро“, рече Мирчевски на црвениот килим во Битола, запрашан како се чувствувал на фестивалот во Венеција со Моника Белучи.

    „На млечниот пат“ е новиот филм на босанскиот автор Емир Кустурица чија светска премиера беше на годинешиот филмски фестивал во Венеција што завршува утре, меѓу 20-те кандидати за престижниот Златен лав.

    По отварањето на „Манаки“,„Ослободувањето на Скопје“ утревечер во Скопје ќе има и кинопремиера, и ќе игра во кината Милениум и Синеплекс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира