„СРПСКИОТ ОПЕНХАЈМЕР“ – „ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА“ НА БЈЕЛОГРЛИЌ ОСВОИ 2 НАГРАДИ ВО ЛОКАРНО, ПОБЕДИ ЗАБРАНЕТИОТ ИРАНСКИ „КРИТИЧНА ЗОНА“ НА АЛИ АХМАЏАДЕХ

    „СРПСКИОТ ОПЕНХАЈМЕР“ – „ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА“ НА БЈЕЛОГРЛИЌ ОСВОИ 2 НАГРАДИ ВО ЛОКАРНО, ПОБЕДИ ЗАБРАНЕТИОТ ИРАНСКИ „КРИТИЧНА ЗОНА“ НА АЛИ АХМАЏАДЕХБјелогрлиќ со наградата Пардо верде (Фото: Локарно ФФ)

    „Чувари на формулата“ на српскиот режисер и актер Драган Бјелогрлиќ освои две награди на фестивалот во Локарно што заврши денеска. Филмот, кој во Србија се нарекува „Српски Опенхајмер“, за инцидент со радијација во 1950-те во југословенскиот Нуклеарен институт Винча, ја освои наградата Пардо верде за која се квалификуваат сите филмови прикажани на фестивалот што „на публиката ѝ нудат нови интерпретации кои инспирираат промени во свеста за иднина која ќе има поголема одржливост“.

    Филмот ја доби и наградата Вараети Пјаца Гранде, каде победникот го бира панел на филмски критичари со намера да помогне во меѓународната кариера на филм во програмата Пјаца Гранде.

    „Чувари на формулата“ играше во програмата Пјаца Гранде во најголемото кино на отворено во центарот на Локарно. Филмот, поддржан од Еуримаж е копродукција меѓу Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија, која преку Агенцијата за филм го поддржа на конкурсот во 2016.

    Во главната конкуренција за награди победи „Критична зона“ на иранскиот режисер Али Ахмаџадех, забранет во Иран. (Фото: Локарно ФФ)

    Во главната конкуренција за награди победи „Критична зона“ на иранскиот режисер Али Ахмаџадех, филм кој иранските власти го забранија и се обидоа да го спречат да се прикаже во Локарно. Филмот, опишан како „химна на слободата и отпорот во Иран“, е снимен без дозвола од властите пред да започнат неодамнешните протести. Приказната следи човек кој вози низ подземјето на Техеран со своето куче, продава дрога и исцелува вознемирени души. Ова е четврти филм на Ахмаџадех, чии филмови ја прикажуваат бунтовничката младина во Иран и нивната конфронтација со теократијата во земјата. На Ахмаџадех и официјално му е забрането да работи како филмски режисер во Иран.

    Специјална награда на жирито освои романскиот „Не очекувај премногу од крајот на светот“ на Раду Жуде.

    Наградата на публиката ја доби ветеранот Кен Лоуч за „Стариот даб“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира