ТАМАРА КОТЕВСКА Е ПРВАТА МАКЕДОНСКА АВТОРКА КОЈА ЌЕ ОДРЖИ ГОВОР НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    ТАМАРА КОТЕВСКА Е ПРВАТА МАКЕДОНСКА АВТОРКА КОЈА ЌЕ ОДРЖИ ГОВОР НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛКотевска во Венеција ќе го најави својот нов долгометражен документарец „The Walk“

    Тамара Котевска, една од режисерките на наградуваниот документарец „Медена земја“, е првата македонска авторка која доби покана да одржи говор на Венецискиот фестивал. Во рамките на настанот „Lights Camera Impact“, што ќе се одржи на 1 септември, Котевска ќе зборува за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена.

    На овој свечен настан секоја година се канат тројца автори чии филмови имаат потенцијал да влијаат на општеството и да ја менуваат свеста на луѓето за битни социјални теми. Меѓу трите награди кои „Медена земја“ ги освои на Санденс во 2019 беше и „Влијание за промена“.

    На претстојниот фестивал во Венеција, кој се отвора на 30 август, Котевска ќе го најави својот нов долгометражен документарец „The Walk“, кој ќе има светска премиера на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC) во ноември. Македонија е малцински копродуцент на овој филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира