Три македонски филмови ќе играат на годинашниот филмски фестивал во Солун, еден од најголемите во регионот, каде почесна награда ќе добие италијанската ѕвезда Моника Белучи. Македонскиот кандидат за Оскар „Домаќинство за почетници“ на Горан Стоелвски, „21 ден до крајот на светот“, новиот експериментален документарец на Теона Стругар Митевска и краткиот „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески ќе играат во некомпетитивната програма Проширен преглед – рефлексии на тема, во за првпат толку бројно учество на македонски филмови на овој фестивал.
Фестивалот почнува утревечер со францускиот кандидат за Оскар „Вкусот на нештата (Пот о фо)“ на Тран Ан Хунг, а меѓу гостите кои ќе дојдат во Солун е и американскиот оскаровец со грчко потекло Александер Пејн, кој ќе го престави новиот филм „Задржаните“.
Моника Белучи ќе ја добие наградата Златен Александар за придонес кон филмската уметност, а почеста е во рамките на прославата на 100-годишнината од раѓањето на грчката оперска дива Марија Калас. Во 2019, Белучи дебитираше в театар со монодрамата „Марија Калас: Писма и мемоари“, со извадоци од писмата на Калас и нејзините недовршени мемоари. Проекцијата на истоимениот хибриден документарец за претставата на Том Волф и Јанис Димолицас ќе игра ден пред доделувањето на наградата, кога во чест на Белучи ќе игра и нејзиниот најславен филм „Малена“ на Џузепе Торнаторе.
Фестивалот годинава има видоизменета програма, со тоа што ја нема веќе популарната селекција Балкански преглед, која прерасна во Проширен преглед – рефлексии на темата, со нешто поинаков фокус.
Во Солун има 3 натпреваруваки селекции. Во Главната конкуренција, за дебија или втори филмови, и Запознај ги соседите, исто за дебија или втори филмови но од 36 земји на Југоисточна Европа, Медитеранот и Блискиот Исток, се доделуваат Златен и Сребен Александар со по 10.000 односно 5.000 евра. Во селекцијата Брзо напред, за поексприментални филмови, Златниот и Сребрениот Александар носат по 8.000 односно 4.000 евра.
Меѓу 11-те паралелни програми има и селекции за филмви во виретуелна релност како и за подкасти. Вон филмската програма е состаена од мастеркласови, изложби и инсталации, џез балет и концерти, кои од 10-дневниот фестивал создаваат живо културно пристаниште.
М. КОСТОВА