ТРИУМФ НА „ФАБЕЛМАНОВИ“ И „ТАЖАЧКИТЕ ОД ИНИШЕРИН“ НА 80. ЗЛАТНИ ГЛОБУСИ

    ТРИУМФ НА „ФАБЕЛМАНОВИ“ И „ТАЖАЧКИТЕ ОД ИНИШЕРИН“ НА 80. ЗЛАТНИ ГЛОБУСИСтивен Спилберг со Златниот глобус за најдобра режија за „Фабелманови“ (Фото: АП)

    Фабелманови“ е прогласен за најдобра драма, а „Тажачките од Инишерин“ за најдобра комедија/мјузикл на 80. Златни глобуси, чие доделување по една година пауза се одржа со церемонија во живо и во присуство на бројни ѕвезди.

    Полуавтобиографскиот филм на Стивен Спилберг ја освои и наградата за најдобра режија, додека приказната за двајца пријатели на зафрлен ирски остров славеше и во категориите најдобро сценарио (Мартин Мекдона) и најдобар актер во комедија/мјузикл (Колин Фарел).

    Никогаш не очекувам моите филмови да имаат публика, па затоа ова е шокантно за мене“, изјави Фарел.

    Најдобар актер во драма е младиот Остин Батлер за „Елвис“, а златните глобуси за најдобра актерка им припаднаа на Кејт Бланшет за „Тар“ (драма) и Мишел Јео за „Сè секаде одеднаш“ (комедија/мјузикл).

    За најдобра споредна улога се наградени Ке Хуј Кван („Сè секаде одеднаш“) и Анџела Басет („Блек Пантер 2“).

    Пинокио“ на Гилјермо дел Торо ја доби наградата за најдобар анимиран филм, а најдобар странски филм доаѓа од Аргентина, „1985“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира