УКРАИНКАТА КАРПОВИЦ ЈА ПОСТАВИ ТЕМАТА „ИНТИМНОСТ И МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ“ ЗА ЗИМСКИОТ САЛОН НА ДЛУМ

    УКРАИНКАТА КАРПОВИЦ ЈА ПОСТАВИ ТЕМАТА „ИНТИМНОСТ И МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ“ ЗА ЗИМСКИОТ САЛОН НА ДЛУМОд отворањето на Зимскиот салон во 2022. (Фото: К. Попов)

    Годинашното издание на биеналниот ликовен настан Зимски салон ќе се отвори на 22 февруари во Чифте амам, сооошти Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

    Годинава селекторка е Оксана Карповиц, кураторка од Украина, а концептот е „Интимност и меѓусебна поврзаност“. Зададената тема претставува истражувачко поле во кое уметниците ги претставуваат сопствените релации со оваа тема во различни ликовни медиуми.

    „Историски гледано, оваа изложба е клучна во однос на смелите уметнички дебати и поставки со кои се потврдува улогата на визуелните поставки како рефлексија на општеството, со независност која служи како платформа за експериментирање и предизвикување на постоечките конвенции во потрага по нови идеологии и начини на израз“, велат од ДЛУМ.

    Зимскиот салон ќе трае до 7 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира