УТРЕ СЕ ОТВОРА 41. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, ЌЕ НАСТАПАТ МУЗИЧАРИ ОД ТРИ КОНТИНЕНТИ

    УТРЕ СЕ ОТВОРА 41. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, ЌЕ НАСТАПАТ МУЗИЧАРИ ОД ТРИ КОНТИНЕНТИФестивалот го отвора американскиот ансамбл „Експлодинг стар оркестра“, предводен од трубачот Роб Мазурек (Фото: СЏФ)

    Десет групи од три континенти ќе настапат на 41. издание на Скопскиот џез фестивал, што се отвора утревечер. Концертите ќе се одржуваат во Национална опера и балет и Младински културен центар.

    „Програмата распоредена во четири вечери е извонредно силна, разновидна и исполнета со ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и на креативната музика денес“, најавуваат организаторите.

    Честа да го отвори фестивалот му припадна на американскиот ансамбл „Експлодинг стар оркестра“, предводен од авангардниот трубач Роб Мазурек, по што ќе следи концертот на македонското инструментално трио „Зулу 3.4“.

    Во останатите три дена, на Скопскиот џез фестивал ќе свират музичари од САД, Франција, Бразил, Шведска и Норвешка, а домашната џез сцена, покрај „Зулу 3.4“, ќе ја претставува и „Такси конзилиум“. Роб Мазурек ќе има уште еден настап на 41. СЏФ, што е најавен како светска премиера на неговиот нов проект „Њу фјучр сити радио“.

    Во рамките на фестивалот ќе се прикаже и музичкиот филм „Summer of Soul (…Or, When the Revolution Could Not Be Televised)“, кој годинава освои Оскар за најдобар документарец.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира