ВАСИЛИЧАРСКИОТ КОНЦЕРТ ВО ОПЕРАТА ЌЕ СЛАВИ 30 ГОДИНИ СО СОЛИСТИ ОД ШПАНИЈА НА 11 И 13 ЈАНУАРИ

    ВАСИЛИЧАРСКИОТ КОНЦЕРТ ВО ОПЕРАТА ЌЕ СЛАВИ 30 ГОДИНИ СО СОЛИСТИ ОД ШПАНИЈА НА 11 И 13 ЈАНУАРИОд ланскиот концерт, кој традиционално се одржува за празникот Василица. (Фото: К. Попов)

    Оперските пејачи од Шпанија Ирене Палазон (сопран) и Хозе Луис Сола (тенор) ќе бидат гости на Василичарскиот концерт на Националната опера и балет (НОБ). Традиционалниот концерт ќе се одржи на 11 и 13 јануари 2025, а ќе диригира Оливер Диаз од Шпанија.

    „Оваа година се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 на сцената на Македонската опера и балет (МОБ) и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас“, велат од Операта.

    Ќе се изведат некои од најпопуларните арии и дуети од познатите дела на Верди, Чилеа, Пучини, Маскањи и Доницети.

    Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на НОБ и онлајн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира