ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА ЗИМСКИОТ САЛОН НА ДЛУМ, КУРАТОРКА Е СЛОВЕНЕЧКАТА КРИТИЧАРКА ЛИЛЈАНА СТЕПАНЧИЧ

    ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА ЗИМСКИОТ САЛОН НА ДЛУМ, КУРАТОРКА Е СЛОВЕНЕЧКАТА КРИТИЧАРКА ЛИЛЈАНА СТЕПАНЧИЧКонцептот на изложбата и изборот од пристигнатите 60 дела делата се курирани од словенечката ликовна критичарка Лилјана Степанчиќ. (Фото: „Дело“)

    Вечерва во 20 часот, во Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ), ќе се отвори биеналната изложба Зимски салон 2026, во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

    Концептот на изложбата и изборот од пристигнатите 60 дела се курирани од словенечката ликовна критичарка и кураторка на многу ликовни проекти Лилјана Степанчич. Темата е „Мора да се обидеме да го постигнеме она што ни беше кажано дека е невозможно“.

    „Насловот е намерно долг. На овој начин создава дистанца од преовладувачката општествена норма, која бара кратки наслови што инстантно би ги убедиле луѓето. Должината на насловот покажува дека уметноста не е исто што и економијата, политиката или религијата. Иако како и претходните елементи го гради општеството, таа има свои карактеристики. Слично на тоа, со должината на насловот ја изразуваме неговата содржина. Концептот зборува за отпор кон ограничувањата што другите ни ги наметнуваат. Овие ограничувања можат да се однесуваат на нашиот интимен и личен живот, економската состојба, културните карактеристики и така натаму. Верувам дека насловот е доволно широк и отворен за да опфати различни уметнички креации што зборуваат за активниот однос на човекот со светот и со себе“, вели Степанчич.

    На отворањето ќе биде соопштен добитникот на Гран-при наградата – престој во ателјето на „Сите дез арт“ во Париз, што ја овозможува Министерството за култура.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира