ВЕЛИГДЕНСКИОТ КОНЦЕРТ НА „ТАНЕЦ“ ВО НОБ СО МУЗИКАТА НА МИЛАН ЗАВКОВ

    ВЕЛИГДЕНСКИОТ КОНЦЕРТ НА „ТАНЕЦ“ ВО НОБ СО МУЗИКАТА НА МИЛАН ЗАВКОВМилан Завков, врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Националниот ансамбл „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, почина во февруари, оставајќи наследство како композитор и аранжер од над 800 дела. (Фото: „Танец“)

    Велигденскиот концерт на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ ќе се одржи вечерва во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ.  Програмата на концертот е  посветена на музиката која првенецот Милан Завков, кој почина во февруари,  ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец“.

    На репертоарот се неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, која е производ на соработката на Завков со кореографот Стојче Каранфилов. На концертот се застапени и повеќе вокално-инструментални точки и од неколку други кореографски постановки, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков.

    Милан Завков (1 јули 1962 – 6 февруари 2023) свиреше хармоника од 8-годишна возраст, а веќе на 14 години беше член на оркестарот на тогашниот „Млад Танец”. Музичката наобразба ја доби на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде успешно дипломира на инструментот контрабас, заради немањето студии по хармоника. Тоа сепак не го поколебало професионалната кариера да продолжи да ја гради на хармониката и со неа оствари неверојатно богата изведувачка и творечка кариера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира