ВЕНЕЦИСКА МОСТРА ПОЧНУВА УТРЕ СО ФИЛМОВИТЕ НА ВИЛНЕВ, СКОТ, АЛМОДОВАР, СОРЕНТИНО, ШРЕДЕР, КЕМПИОН

    ВЕНЕЦИСКА МОСТРА ПОЧНУВА УТРЕ СО ФИЛМОВИТЕ НА ВИЛНЕВ, СКОТ, АЛМОДОВАР, СОРЕНТИНО, ШРЕДЕР, КЕМПИОНТимоти Шаламе и Ребека Фергусон во „Дина“/ Бенедикт Камбербач во „Моќта на кучето/ Оскар Ајзак во „Бројач на карти“/ Џоди Корнер во „Последниот дуел“. (Фото: АП)

    „Дина“ на режисерот Денис Вилнев е еден од најочекуваните филмови кој ќе има премира на 78. Филмски фестивал во Вееција кој почнува утре. Моста ги очекува и реномираните автори како Џејн Кемпион, Ридли Скот, Педро Алмодовар, Паоло Сорентино, Пол Шредер и Едгар Рајт, како и ѕвездите Бен Афлек, Кристен Стјуарт, Пенелопе Круз, Кристен Данст, Адам Драјвер и Оскар Ајзак.

    Венеција лани беше единствениот филмски фестивал кој се одржа со физичко присуство, а за годинава организаторот вели дека сѐ уште работите не се вратени во нормала, но се поблиску од лани до тоа како треба да биде.

    Во изминативе десет години, под водство на Алберто Барбера, Венецискиот фестивал стана подлога за филмови фаворити за Оскар, а беше домаќин на светски премиери на филмови кои подоцна и земаа Оскари, како „Бирдмен“, „Под лупа“, „Обликот на водата“ и „Земја на номади“.

    Ниту годинава не е исклучок од тоа. Меѓу 21. филм кои се натпреваруваат за Златен лав, се и „Моќта на кучето“ на Кемпион, „Бројач на карти“ на Шредер и режисерското деби на Меги Џиленхал, „Изгубената ќерка“. Во ѕвездената конкуренција се и „Спенсер“ на Пабло Лараин со Кристен Стјуарт како принцезата Дијана, „Божја рака“ на Паоло Сорентино и „Мона Лиза и крвавата месечина“ на Ана Лили Амирпур со Кејт Хадсон.

    „Дина“ ќе се прикаже вон кокуренција, како и „Последната ноќ во Сохо“ на Рајт и „Последниот дуел“ на Скот.

    Претседател на жирито е Бонг Јон-хо, режисерот на „Паразит“, а една од членовите е и Клое Жао („Земја на номади“), двата последни филмови кои победија на Оскарите. Златен лав за животно дело ќе добијат Џејми Ли Лертис и Роберто Бенињи, а признание ќе земе и Ридли Скот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира