ВЕНЕЦУЕЛСКОТО ДЕБИ „ФАМИЛИЈА“ ПОБЕДИ НА КИНЕНОВА 2017

    ВЕНЕЦУЕЛСКОТО ДЕБИ „ФАМИЛИЈА“ ПОБЕДИ НА КИНЕНОВА 2017Сцена од „Фамилија“ на венецуелскиот дебитант Густаво Рондон Кордова

    „Фамилија“ на венецуелскиот дебитант Густаво Рондон Кордова е победник на второто издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје, што заврши синоќа. Главното жири во состав: Горан Марковиќ (Србија), Хулија Учансу (Турција), Синоличка Трпкова (Македонија), Игор Гало (Хрватска) го прогласи „Фамилија“ за најдобар филм на фестивалот, за „неговиот исклучителен талент при претставувањето на приказна за преживување во посебно брутален и насилен свет во кој се наоѓаат обата протагонисти, но и целото општество во земјата каде припаѓаат“.

    Босанскиот „Мажите не плачат“ на Ален Дрљевиќ е награден за најдобра режија за „неговото зрело режирање, справувајќи се со најделикатната, историска и психолошка ситуација во која се наоѓаат протагонистите, давајќи ни паралелно чувство на оптимизам и надеж на самиот крај“.

    Израелскиот „Една недела и еден ден“ на Асаф Полонски е награден за  најдобро сценарио, за „исклучително успешното справување со една толку осетлива, тажна и хумана ситуација на еден трагикомичен начин“.

    Специјално признание освои „Кула“ на американскиот автор Кит Мајтланд, за „користењето свеж и експериментален израз на режисерот, кој успешно комбинира анимирана, документарна или играна форма на раскажување претставувајќи ни на тој начин значајно драматична тема“.

    Првата награда од Интернационалната селекција на кратки филмови ја поделија два филма,
    „Британец по божја волја“ од Шон Дан, САД  и „Ана“ од Марго Зубашвили, Грузија. Специјално признание доби „Судир“ на Хонг Хенг Фаи од Макао. Најдобар филм од Македонската селекција на кратки филмови е „Долго патување до дома“ од Ибер Деари.

    Наградата за развој на сценарио ја доби Јаков Попоски за проектот „Мост“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира