ВИОЛЕТА ТОМОВСКА И ВЕСНА ЃИНОВСКА-ИЛКОВА МЕЃУ ДОБИТНИЦИТЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

    ВИОЛЕТА ТОМОВСКА И ВЕСНА ЃИНОВСКА-ИЛКОВА МЕЃУ ДОБИТНИЦИТЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“Доајенката на македонската народна песна Виолета Томовска и оперската пејачка Весна Ѓиновска-Илкова се меѓу добитниците на највисоката државна награда „Св. Климент Охридски“ во областа на културата и уметноста

    Писателот Димитар Башевски, примадоната на Националната опера и балет (НОБ) Весна Ѓиновска-Илкова и доајенката на македонската народна песна Виолета Томовска се добитници на највисоката државна награда „Св. Климент Охридски“ во областа на културата и уметноста.

    Министерството за култура соопшти дека во областа на воспитанието и образованието наградата „Св. Климент Охридски“ ја добива проф. д-р Агим Пољоска, албанолог, а во областа на здравството проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.

    За доделувањето на државната награда „Св.Климент Охридски” за 2019, како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Северна Македонија одлучил одборот на чело со академик Влада Урошевиќ.

    Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 8 декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира