ВО МАНУ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА „ТРИ ГЕНЕРАЦИИ ТАШКОВСКИ“

    ВО МАНУ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА „ТРИ ГЕНЕРАЦИИ ТАШКОВСКИ“Ќе се изложат дела од Ристо Ристовски, Васко Ташковски и Лара Ташковска. (Фото: МАНУ)

    „Три генерации Ташковски“ е насловена изложбата која ќе се отвори вечерва во 19 часот во Галеријата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Ќе се изложат дела на Ристо Ристовски, кој е татко на академик Владо Ташковски, негови дела како и од неговата ќерка Лара Ташковска.

    Ристовски е роден 1912  во Нижополе, Битола, починал во 1989. До јули 1928 се занимава со земјоделие, а од август истата година учи шеќерџиски занает во Скопје во бонбонџиската работилница Европа.

    Со сликарство активно почнува да се занимава од септември 1976 до јуни 1982.  Во тој период насликал 314 слики во техника темпера. Имал изложби во Скопје, Охрид, Битола, учествувал на групни изложби во Кавадарци, Гевгелија, Куманово, Скопје.

    Академик Васко Ташковски, син на Ристо Ристовски, е роден 1937  во Нижополе, Битола. Дипломира на Академијата за применета уметност во Белград 1964. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртежи и графика.
    Има реализирано 52 самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на 18 награди и признанија.

    Лара Ташковска е трета генерација сликари после нејзиниот дедо Ристо Ристовски и нејзиниот татко,
    академик Васко Ташковски. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности-Скопје на отсекот сликарство. Работи во техниките масло, акрил и акварел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира