ВО ЦРКВАТА „СВ. СПАС“ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА ЗА 80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА ОСТАНКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СКОПЈЕ

    ВО ЦРКВАТА „СВ. СПАС“ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА ЗА 80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА ОСТАНКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СКОПЈЕНа 12 паноа се претставени дел од животот и делото на Делчев (Фото: К. Попов)

    Во црквата „Св. Спас“ во Скопје е отворена изложба посветена на 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев. На 12 паноа се претставени дел од животот и делото на Делчев, неговите писма, како и преписките помеѓу двете влади за пренесувањето на неговите посмртни останки од Софија во Скопје.

    Оригиналниот саркофаг во кој останките се пренесени од Софија (Фото: К. Попов)

    „Изложбата ја изработи Државниот архив на Македонија. Претставени се дел од неговите живот и дело, неговата фамилија и сѐ она што е необјавено за Гоце Делчев. Изложен е и оригиналниот саркофаг во кој останките се пренесени од Софија во Македонија“, изјави директорот на Конзерваторскиот центар Скопје, Филип Даневски.

    Македонците, три дена пешки го носеле ковчегот од Софија до Скопје (Фото: К. Попов)

    Изложбата ќе биде достапна за јавност од вторник, па сѐ додека дозволуваат временските услови во црквата „Св. Спас“.

    Момент од пренесуваањето на останките (Фото: К. Попов)

    Посмртните останки на Гоце Делчев беа пренесени во црквата „Св. Спас“ на 10 октомври 1946. Церемонијата започнала на 7 октомври, а Македонците, во знак на почит, три дена пешки го носеле ковчегот од Софија до неговата крајна дестинација.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира