ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ ПОРАДИ НЕПОТПИШУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ ПОРАДИ НЕПОТПИШУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОРНа 8 октомври вработените во културните институции излегоа на протестен марш насловен „Колективен сега“, за кој рекоа дека е предупредувачки штрајк (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вработените во културните институции денеска ќе штрајкуваат, поради непотпишување на Колективниот договор за која преговараат речиси две години.

    Штрајкот, како што велат од Синдикатот на културата на Македонија, (СКРМ) ќе трае само еден ден, и е од предупердувачки карактер. Тие се незадоволни бидејќи веќе две години добиваат ветувања од Владата и Минситерството за култура дека договорот ќе биде потпишан најпрво до крајот на 2018, а потоа до крајот на 2019.

    „Штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар. Штрајкот е од предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања“, вели Советот на СКРМ, од каде додаваат дека добиле поддршка и од Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК).

    Киното Миленум објави дека денес нема да работи и сите проекции ќе бидат откажани.

    „Вработените во културата се речиси 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Ускратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата. Потсетуваме дека нивелацијата беше само преоден чекор кон колективниот договор, кој сам по себе не претставува покачување на платите туку нивно конечно уредување согласно Законот за работните односи. Колективниот договор ќе биде фундамент на социјалните односи и штит на нашите социјални права. Токму тоа го барат вработените во културата кои се целосно маргинализирани, а нивните права секојдневно се газат од државата која согласно Уставот би требало да биде социјална, а не да се однесува како суров капиталист“, вели Синдикатот на чело со претседателката Сања Арсовска.

    На 8 октомври вработените во културните институции излегоа на протестен марш насловен „Колективен сега“, за кој рекоа дека е предупредувачки штрајк. Премиерот Зоран Заев на 24 октомври се сретна со Арсовска, по што таа кажа дека има позитивна реакција од министерот за потпишување на колективниот договор до крајот на годината.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира