ЗА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА ВО БИТОЛА НАЈМНОГУ АПЛИКАЦИИ ОД ИЗРАЕЛ, ДОАЃААТ И ТЕАТАРЏИИ ОД МОНГОЛИЈА

    ЗА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА ВО БИТОЛА НАЈМНОГУ АПЛИКАЦИИ ОД ИЗРАЕЛ, ДОАЃААТ И ТЕАТАРЏИИ ОД МОНГОЛИЈАМаја Андоновска-Илијевски, Пепи Мирчевски и Љупка Коларовска-Пајевиќ денеска ј објавија програмата. (Фото: СДК.МК)

    Фестивалите кои имаат историја, вредат човек да се бори за да се случуваат и во иднина, затоа што константно сме оппкружени со фестивали кои никнуваат преку ноќ со многу краток рок на траење, но 24 години колку што сега слави Фестивалот на монодрама од Битола се долг период, рече Маја Андоновска-Илијевски, директорка на Центарот за култура од Битола, институција која безмалку четврт век го организира единствениот фестивал на монодрама во Македонија и еден од ретките на Балканот.

    Годинава Фестивалот се отвора на 12 мај во Народниот театар Битола со претставата „Жени во собрание“ во изведба на Театар Комедија од Скопје, а се затвора на 20 мај со претставата „ Нема струја за електричниот стол“ на Театарот „Јордан Х. К. – Џинот“ од Велес.

    „Секоја година расте фестивалот во квалитет и квантитет. Во едно вакво време кога сме нападнати од не знам какви сè не кризи, да се организира ваков фестивал кој трае девет дена со 13 претстави во конкуренција и 2 вон, да се повикаат актери од 11 земји, за мене е рамно на подвиг“, рече селекторот Пепи Мирчевски.

    Годинава имаше најмногу апликации досега и тоа најголемиот број од Израел. Но, поради ограниченото време и средства, беа избрани најдобрите. Монодрамите во конуренција се од Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Ливанија и три од Македонија.

    Љупка Коларова-Пајевиќ која 24 години е столб на фестивалот, најави дека новина е конкурсот за македонски монодрами кој ќе се распише за време на одржаувањето на фестивалот.

    „По повеќе од 15 години го обновуваме конкурсот за монодрамски текст. Покрај другото и затоа беше основан овој Фестивал на монодрама, да се прошири идејата за монодрама како кај актерите да творат монодрама, така и кај писателите да ја пишуваат. Авторите на конкурсот ќе треба да се пријават анонимно. До вгодина очекуваме да се изберат прва, втора и трета награда, да се откупат и издадат во книга која ќе биде промовирана на фестивалот“, рече Коларова-Пајевиќ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира