„ЖЕНИТЕ И ПО НЕКОЈ МАЖ“ НА КАРДУЛА ГО ЗОВРЕ ЧИФТЕ АМАМ

    „ЖЕНИТЕ И ПО НЕКОЈ МАЖ“ НА КАРДУЛА ГО ЗОВРЕ ЧИФТЕ АМАМОва е втора самостојна изложба во Скопје на Зоран Кардула, а изложени се 40 дела изработени во дигитална графика

    „Жените и по некој маж“ на дизајнерот и активист Зоран Кардула го преполни вчера Чифте амам во Скопје со шаренолика публика како ретко кога на вакви настани. Ова е втора самостојна изложба во Скопје на Кардула, а изложени се 40 дела изработени во дигитална графика, комбинација од туш техника со дигитален колорит, создадени во последниве 2 години.
    „Сите мои пријатели не ме прашуваат дали цртам, туку дали сѐ уште ги цртам жените. Луѓето ме препознаваат токму по жените. На изложбата има и по некој маж, чија улога е да ја потенцира жената уште повеќе “, вели Кардула за името на изложбата и додава: „Настојувам во моите дела да внесам и малку модерен изглед, но сепак да ја имаат таа сексапилност, елеганција, мистичност од периодот на почетокот на 20.век“.

    Жените од делата на Кардула имаат сексапил, елеганција, мистичност од периодот на почетокот на 20.век

    Кардула со оваа изложба оддава почит и за скопската Стара чаршија, која ја смета за душата на Скопје, „каде еснафското и мултиетничкото успеаја да му пркосат на времето“.
    „И еве во таа чаршија има едно многу убаво место Чифте Амам – Националната галерија која била домакин на многу уметност и убавини. На секое поминување покрај Чифте Амам стално ми се вртеше мислата колку би било убаво некогаш и јас да направам изложба тука. Еве баш таму имам чест да изложам дел од моите слики и некако да оставам и јас трага на чаршијата“, вели Кардула.
    Изложбата ќе трае до 31 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира