ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ПАВИЛЈОНОТ НА ЛИТВАНИЈА И ЗА АРТУР ЏАФА НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ

    ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ПАВИЛЈОНОТ НА ЛИТВАНИЈА И ЗА АРТУР ЏАФА НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕАвторки на литванскиот павилјон се се три уметнички меѓу кои и документаристката Ругиле Барджиукаите, која го прими Златниот лав (Фото: Вененциско биенале)

    Павилјонот на Литванија и американскиот уметник Артур Џафа се годинашните добитници на Златен лав на Венециското биенале на уметност. Делото на Џафа, наградено како најдобар учесник на централната изложба „Да живееш во интересни времиња“, ги истражува американските меѓурасни односи, а литванскиот павилјон, со делото „Сонце & море“ чии авторки се три уметнички меѓу кои и документаристката Ругиле Барджиукаите, на суптилен, изненадувачки и емотивен начин ги истражува надвиснатите опасности од климатските промени.

    Делото „Сонце & море“ на Литванија на суптилен, изненадувачки и емотивен начин ги истражува надвиснатите опасности од климатските промени (Фото: Венециско биенале)

    Сребрениот лав за најдобар млад уметник на централната изложба го освои 39-годишната Харис Епаминонда од Берлин, родум од Кипар за 30-минутното видео „Химера“. И павилјонот на Белгија доби специјално признание, за надреалната инсталација на Јос де Гритер и Харалд Тајс од моторизирани кукли кои претставуваат ликови од патријархална Европа.

    Македонскиот павилјон во Венеција го претставува делото „Субверзија во црвено“ на Нада Прља.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари