ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЗА БРИТАНКАТА КЕРОЛ ЕН ДАФИ

    ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЗА БРИТАНКАТА КЕРОЛ ЕН ДАФИКерол Ен Дафи е една од најзначајните современи поетеси во Велика Британија

    Британската поетеса Керол Ен Дафи е годинашна добитничка на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП), соопшти денеска амбасадорката на Северна Македонија во Париз и претставник во УНЕСКО, Јадранка Чаушевска-Димов. Амбасадорката го соопшти годинашниот лауреат на меѓународно чествување на Блаже Конески, по повод 100-годишнината од неговото раѓање, а во знакот на Светскиот ден на поезијата што земјава го одбележа во УНЕСКО.

    Керол Ен Дафи (66 години) е една од најзначајните современи поетеси во Велика Британија, авторка на педесетина книги и досегашна добитничка на значајни книжевни награди и високи одликувања, меѓу кои и почесните титули Дама-заповедник на Редот на Британската Империја (2015) и Поет-лауреат на Обединетото Кралство (2009-2019), велат од Министерството за култура.

    Наградата за дебитантска поетска книга Мостови на Струга доделена во соработка со УНЕСКО му припадна на Владан Кречковиќ, роден во Белград во 1988. Наградената книга „Париз, Тексас“, насловена според култниот филм на Вим Вендерс, на еден мошне суптилен и непретециозен начин говори за љубовната разделба без патетика и нуди поинаква перспектива на оваа вечна тема.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира