Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска доби две награди на Филмскиот фестивал Деа во Тирана: за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога за Зорица Нушева. Фестивалот траеше од 2 до 8 мај. Наградите на свеченоста во Тирана ги примија актерите Нушева и Џевдет Јашари.
Одлуката за наградите ја донесе петчлено жири на чело со Клаудија Лансгенберг од Холандија.
Од продукцијата „Сестри и брат Митевски“ велат дека „Петрунија“ во текот на месецов ќе биде претставен уште на два фестивали во Романија и во Украина.