2.500 ЛУЃЕ ПОЗИРАА ГОЛИ НА ПЛАЖА ВО СИДНЕЈ ЗА УМЕТНИЧКО ДЕЛО И КРЕВАЊЕ СВЕСТ ЗА РАКОТ НА КОЖА

    2.500 ЛУЃЕ ПОЗИРАА ГОЛИ НА ПЛАЖА ВО СИДНЕЈ ЗА УМЕТНИЧКО ДЕЛО И КРЕВАЊЕ СВЕСТ ЗА РАКОТ НА КОЖАВластите дадоа специјална дозвола за проектот, со што на плажата Бондај првпат имаше јавна голотија (Фото: ЕПА)

    Повеќе од 2.500 волонтери позираа голи во раните утрински часови на плажата Бондај во Сиднеј за уметничко дело чија цел беше кревање свест за ракот на кожа. Инсталацијата е последниот проект на американскиот уметник Спенсер Туник, кој преку неа сакаше да ги охрабри Австралијците да одат на редовни прегледи на кожата.

    Властите дадоа специјална дозвола за проектот, со што на оваа популарна плажа за првпат имаше јавна голотија. Волонтерите почнаа да се собираат на плажата во 3:30 часот за да земат учество во проектот.

    Според Светскиот фонд за истражување на ракот, Австралија е најпогодената земја од ракот на кожа. Се проценува дека околу 2.500 Австралијци годишно умираат од оваа болест. 

    Имаме можност да ја кренеме свеста за редовни прегледи на кожата и почестен сум што дојдовме овдека за да го создадеме моето дело и да ги славиме телото и заштитата“, изјави Туник, кој користеше масовна голотија и во други свои дела на светски познати локации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира