Педесетина деца под менторствo на балетскиот педагог и поранешен првенец на македонскиот Балет, Горан Божинов вчера ја завршија Летната балетска школа организирана од Еуролинк осигурување.
Балетската школа, која се организира по петти пат, започна на 25 јуни и во текот на изминативе три недели, младите учесници со помош на Божинов, се запознаваа со основните техники на класичниот балет и ги изучуваа специфичностите како вртењето, високите протегнувања и грациозните движења.
„Низ игра и забава кај децата се буди чувството за одговорност и дисциплина. Летната балетска школа помина во најдобар ред и со многу забава, а на завршната претстава, која беше направена со многу труд и љубов, малите балеринки презентираа што сѐ научиле во изминатите три недели“, велат од компанијата, додавајќи оти сите учесници добиле сертификат за успешно завршена балетска школа.
Балетската школа се организира како дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.