МЕЧ НА КРСТОНОСЕЦ СТАР 900 ГОДИНИ ПРОНАЈДЕН ВО МОРЕТО ВО ИЗРАЕЛ

    МЕЧ НА КРСТОНОСЕЦ СТАР 900 ГОДИНИ ПРОНАЈДЕН ВО МОРЕТО ВО ИЗРАЕЛЕден метар долгиот меч е целосно покриен со морски организми и камења (Фото: АП)

    Аматерски нуркач пронајде 900 години стар меч додека ги истражувал плитките води покрај северниот брег на Израел. Се верува дека еден метар долгиот меч му припаѓал на крстоносен витез.

    Мечот е целосно покриен со морски организми и се верува дека повторно испливал поради поместувањето на песокот. Откако Израелската агенција за антиквитети (ИАА) ќе го исчисти и анализира, мечот ќе биде изложен за јавност.

    Крстоносните војни почнале во 1095 година и траеле со векови, а целта на европските христијани била да ја преземат контролата врз Ерусалим и други делови од Светата земја.

    Шефот на поморскиот археолошки оддел на ИАА, Коби Шарвит, вели дека израелската крајбрежна рамнина, каде што мечот бил пронајден, во минатото служела како засолниште за бродови за време на бури.

    „Таа привлекувала трговски бродови со векови, што оставило богати археолошки наоѓалишта. Мечот е многу тежок зашто е голем и железен, а и поради сите камења залепени за него. Тој што го носел морал да биде многу силен“, вели Шарвит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира