92-ГОДИШНИОТ МЕДИУМСКИ МОГУЛ РУПЕРТ МАРДОК ЈА РАСКИНА СВРШУВАЧКАТА ПО САМО 15 ДЕНА

    92-ГОДИШНИОТ МЕДИУМСКИ МОГУЛ РУПЕРТ МАРДОК ЈА РАСКИНА СВРШУВАЧКАТА ПО САМО 15 ДЕНАМардок и Ен Лесли Смит се запознале во септември

    Медиумскиот могул Руперт Мардок и поранешната полициска капеланка Ен Лесли Смит ненадејно ја прекинале свршувачката, неколку недели откако ја објавија. Извор близок на 92-годишниот Мардок изјави за магазинот „Венити фер“ дека на него не му било пријатно поради нагласените евангелистички гледишта на Смит.

    Мардок, кој се разведе од четвртата сопруга Џери Хол минатата година, досега јавно не се огласил.

    Мардок и 66-годишната Смит се запознале во септември на настан во неговото лозје во Калифорнија. Тој ѝ предложил брак на 17 март, а венчавката требаше да се одржи летово.

    Се плашев да се заљубам, но знаев дека ќе ми биде последен пат. Среќен сум“, изјави Мардок, објавувајќи ја свршувачката.

    Тој има шест деца од првите три брака, додека Смит е вдовица 14 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира