99-ГОДИШЕН ВЕТЕРАН НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ДОБИ СТОЕЧКИ ОВАЦИИ ОТКАКО ГО ПОБЕДИ КОВИД-19

    99-ГОДИШЕН ВЕТЕРАН НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ДОБИ СТОЕЧКИ ОВАЦИИ ОТКАКО ГО ПОБЕДИ КОВИД-19Алберт Чембрс, кој ќе наполни 100 години во јули, вчера бил пуштен дома (Фото: Твитер)

    Деведесет и деветгодишен ветеран на Втората светска војна кој го победил коронавирусот доби стоечки овации од медицински сестри кога ја напушташе болницата.

    Алберт Чембрс, кој ќе наполни 100 години во јули, вчера бил пуштен дома откако оздравел од КОВИД-19 во болницата во Донкастер, северна Англија.

    Чембрс бил примен во болницата пред три недели откако при пад повредил глужд и таму почнал да покажува симптоми на коронавирус, по што имал позитивен тест. Тој успеал да заздрави и медицинските сестри го испратија со почесна стража.

    „Ви благодарам на сите. Ценам сѐ што направивте за мене. Не можеше да биде подобро“, изјави Чембрс, кој живее сам откако пред две децении му починала сопругата.

    Неговиот правнук Стивен Гејтер кажа дека стравувале од најлошото, но смета дека цврстината што Чембрс ја стекнал за време на Втората светска војна му помогнала да се извлече.

    Чембрс бил заробен откако бил ранет во борбите во северна Африка, по што три години поминал како воен затвореник во Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира