„АББА“ НЕ ЗАРАБОТИЛА НИШТО ОД СВОЈОТ ХИТ „ЧИКИТИТА“, СИТЕ ПРИХОДИ СЕ ДОНИРАНИ НА УНИЦЕФ

    „АББА“ НЕ ЗАРАБОТИЛА НИШТО ОД СВОЈОТ ХИТ „ЧИКИТИТА“, СИТЕ ПРИХОДИ СЕ ДОНИРАНИ НА УНИЦЕФ„АББА“ ја напиша песната „Чикитита“ за Годината на детето на УНИЦЕФ во 1979 (Фото: Фејсбук)

    И покрај тоа што бил продаден во милиони примероци во изминатите четири децении, „АББА“ не заработила ништо од својот голем хит „Чикитита“ (Chiquitita) од 1979 година, откри еден од членовите на славната шведска група Бјерн Улвеус. 

    Му ги дадовме авторските права на УНИЦЕФ. Многу пари дојдоа низ годините, зашто песната многу се пушташе и стримуваше и беа продадени многу албуми. И многу сум среќен поради тоа“, вели Улвеус.

    Чикитита“, што значи девојче на шпански, беше напишана за Годината на детето на УНИЦЕФ и остана огромен хит во Латинска Америка и зашто е снимена верзија на шпански јазик. Улвеус вели дека бендот од самиот почеток бил јасен за што сакаат да бидат наменети приходите од песната.

    Мислам дека најитната работа која му е потребна на светот е зајакнувањето на младите жени и девојчињата. Тоа ќе го промени светот. Жално е што постојат култури и вери кои не им даваат еднакви шанси на девојчињата. Затоа од старт му рековме на УНИЦЕФ дека сакаме за тоа да бидат парите“, кажа Улвеус.

    Меѓу програмите кои се финансираат со средствата од хитот на „АББА“ се работилниците во едно основно училиште во Алта Верапас, најсиромашниот регион во Гватемала.

    Од нејзиното објавување пред 43 години, тантиемите од „Чикитита“ се користат за решавање на некои од најсложените проблеми во Средна Америка, како екстремна сиромаштија, семејно насилство, машка доминација и алкохолизам кај домородното население.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира