АЈФЕЛОВАТА КУЛА ЌЕ СЕ ЗАШТИТИ ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ СО БЛИНДИРАН СТАКЛЕН ЅИД

    АЈФЕЛОВАТА КУЛА ЌЕ СЕ ЗАШТИТИ ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ СО БЛИНДИРАН СТАКЛЕН ЅИДОградата околу Ајфеловата кула ќе го чини градот 20 милиони евра (Фото: Дер Стандард)

    Ајфеловата кула во Париз ќе добие специјална заштита од терористички напади во вид на блиндиран стаклен ѕид.

    Тој ќе се гради во наредните шест месеци, според проектот на австрискиот архитект Дитмар Фихтингер.

    Одобрение за изградба на ѕидот издаде градоначалничата Ан Идалго, издвојувајќи 20 милиони евра од градската каса.

    Предвидено е стаклениот ѕид на некои места да биде висок и 2,5 метри, а ќе го обезбедуваат бетонски столбови, кои би требало да спречат евентуални напади со моторни возила, какви што станаа чести во Европа.

    „Основната цел е безбедноста, но сакавме оградата да биде дискретна. Затоа избравме 70 милиметри дебело транспарентно стакло, што ќе биде отпорно на куршуми. Бидејќи сме свесни за значењето на Ајфеловата кула за Париз, сакавме да оставиме отворен поглед. Ова е подобро решение од оние ужасни метални огради, што беа поставени за време на Европското првенство во фудбал“, изјави Фихтингер, кој живее во Париз од 1989 година.

    Како најпознатата знаменитост на Париз, Ајфеловата кула годишно ја посетуваат шест милиони туристи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира