„АЛКАЛОИД“ ГИ ПОТВРДИ СЕРТИФИКАТИТЕ КОИ МУ ОВОЗМОЖУВААТ ПЛАСМАН НА ПРОИЗВОДИТЕ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА

    „АЛКАЛОИД“ ГИ ПОТВРДИ СЕРТИФИКАТИТЕ КОИ МУ ОВОЗМОЖУВААТ ПЛАСМАН НА ПРОИЗВОДИТЕ ВО ЕВРОПСКА УНИЈАСертификатите се обновени на три години и се однесуваат на сите погони. - Генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов (Фото: СДК.МК)

     

    Агенцијата за лекови и медицински средства на Словенија направи инспекција во погоните за производство на лекови на „Алкалоид АД Скопје“ и притоа ги потврди сертификатите за сообразност со начелата на Добрата производна пракса. Тие се обновени на три години и се однесуваат на погоните за цврсти дозажни форми (таблети и капсули), течни дозажни форми за интерна и екстерна употреба, полуцврсти дозажни форми и за погонот за цефалоспорини.

    Ваквите проверки од страна на високи регулаторни авторитети се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на производите на компанијата во Европската Унија и на најстрого регулираните пазари.

    Производство на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и производи за широка потрошувачка, како и хуманата програмско-производна определба се начелата од кои компанијата ќе продолжи да се води во секојдневните операции, соопшти „Алкалоид“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира