„АЛКАЛОИД“ ОСТВАРИ ПРОДАЖБИ ОД 263 МИЛИОНИ ЕВРА И ИНВЕСТИЦИИ ОД 17 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-СЕПТЕМВРИ

    „АЛКАЛОИД“ ОСТВАРИ ПРОДАЖБИ ОД 263 МИЛИОНИ ЕВРА И ИНВЕСТИЦИИ ОД 17 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-СЕПТЕМВРИВо периодот јануари-септември 2026 во „Алкалоид“ АД Скопје се реализирани 60 нови вработувања во Македонија

    „Алкалоид“ оствари рекордни консолидирани продажби од 263 милиони евра, инвестиции од 17,3 милиони евра и 60 нови вработувања во земјата во периодот јануари-септември 2026.

    Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-септември продажбите достигнуваат 10.358.253.210 денари, што претставува раст од 2% во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 16.205.440.429 денари, што претставува раст од 7%.

    Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 13% во споредба со минатата година. Од вкупните консолидирани продажби, 37% се остварени на домашниот пазар, а 63% на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 28%, во земјите од Источна Европа 18%, а во земјите од Западна Европа се остварени 17% од вкупните консолидирани продажби.

    Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Казахстан, за 3,3 пати, како и во Швајцарија, за 2,6 пати.

    Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, 92%. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 8%.

    Вкупните консолидирани инвестиции во основни средства во периодот јануари-септември 2026 изнесуваат 1.067.280 илјади денари, што претставува раст од 34% во однос на истиот период од претходната година.

    Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 2.724.714.506 денари, бележи зголемување од околу 7%, додека единечната нето-добивка изнесува 1.636.713.332 денари и е зголемена за 7%. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 2.990.429.419 денари и бележи раст од 8%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 1.544.111.223 денари е зголемена за 4%.

    Во периодот јануари-септември 2026 во „Алкалоид“ АД Скопје се реализирани 60 нови вработувања во РС Македонија.

    Акциите на „Алкалоид“ АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни. Цената на акцијата во периодот јануари-септември се движеше од 21.745,00 до 27.300,00 денари или просечно 24.398,08 денари за една акција.

    Бизнис-планот за 2026, предвидува инвестирање на околу 8% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 7% на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2025 година и раст од 7% на консолидираниот профит во однос на 2025 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира