„АЛКАЛОИД“ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА АНГАЖИРАЊЕ ПРАКТИКАНТИ ОД МЕДИЦИНСКИОТ И ТЕХНОЛОШКО–МЕТАЛУРШКИОТ ФАКУЛТЕТ

    „АЛКАЛОИД“ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА АНГАЖИРАЊЕ ПРАКТИКАНТИ ОД МЕДИЦИНСКИОТ И ТЕХНОЛОШКО–МЕТАЛУРШКИОТ ФАКУЛТЕТЕдинаесет од вкупно 17 досегашни практиканти останаа да работат во „Алкалоид“, кажа генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, при потпишувањето на Меморандумот

    За да се поттикнат креативноста кај студентите и нивното лично и професионално профилирање, „Алкалоид АД Скопје“ потпиша „Меморандум за соработка за програмата за практикантство“ со уште два факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Медицински и Технолошко-металуршки. Практикантството во „Алкалоид АД Скопје“ е заеднички проект на компанијата, Универзитетот и на студентите.

    „Како опшествено одговорна компанија, би сакале на студентите да им овозможиме вклучување во секојдневните компаниски процеси и активности, со цел да се зајакнат нивните професионални вештини. Преку оваа програма, сакаме да изградиме синергија, од која бенефит ќе имаат сите инволвирани страни, а научно-истражувачката работа во земјава ќе се подигне на повисоко ниво. Единаесет од вкупно 17 досегашни практиканти останаа да работат во компанијата и интересно е колку малку мотив им е потребен на младите луѓе за постигнување одлични резултати“, изјави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, при потпишувањето на Меморандумот.

    „Алкалоид“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку овој проект планираат заеднички да ги разработат, адаптираат и структурно да ги усогласат програмите за едукација и развој на практикантите согласно заемните потреби. Првиот оглас за ангажман на новата група практиканти во компанијата се планира во март годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира