„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија, „Alkaloid UK Limited“, кое е во стопроцентна сопственост на компанијата.
Менаџментот на компанијата донесе ваква одлука поради излегувањето на Велика Британија од Европска Унија, а со цел да се зајакнат постојните позиции на пазарот.
„Алкалоид“ АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи, чија вредност во минатата година изнесувала 313 милиони денари.
„Алкалоид“ АД Скопје на овој начин продолжува да ја остварува својата главна стратешка определба и да се развива како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција.