„АЛКАЛОИД“ СО ПРОДАЖБИ ОД 70,5 МИЛИОНИ ЕВРА И СО ЗГОЛЕМЕН ИЗВОЗ ЗА 28% ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-МАРТ 2023

    „АЛКАЛОИД“ СО ПРОДАЖБИ ОД 70,5 МИЛИОНИ ЕВРА И СО ЗГОЛЕМЕН ИЗВОЗ ЗА 28% ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-МАРТ 2023Во „Алкалоид“ се реализирани и 47 нови вработувања во Македонија (Фото: СДК.МК)

    „Алкалоид“ оствари консолидирани продажби од 70,5 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од над 28% и 47 нови вработувања во земјава во периодот јануари-март 2023.

    Во овој период продажбите достигнуваат 3.104.714.658 денари, што е за 15% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.346.596.075 денари, што е раст од 2%.

    Консолидираните продажби на домашниот пазар се зголемени за 3%, а вкупниот консолидиран извоз е зголемен за 28%. Од вкупните консолидирани продажби, 72% се остварени на странските пазари, најмногу во земјите од југоисточна Европа – 29. Продажбите во Ерменија се зголемени за трипати, а во Романија за 51%.

    Во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација – 90%.

    Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-март 2023 изнесуваат 346.520.151 денари.

    Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 598.921.588 денари, бележи зголемување од околу 12%, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 355.523.149 денари и е зголемена за 19%. Консолидираната добивка пред ЕБИТДА достигна 758.445.142 денари и бележи раст од 19%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 441.583.321 денари е зголемена за 22%.

    Во периодот јануари-март 2023 во „Алкалоид“ се реализирани 47 нови вработувања во Македонија.

    Групацијата брои 2.678 вработени, од кои 2.039 во земјата и 639 во подружниците во странство.
    Акциите на „Алкалоид“ АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни акции. Цената на една акција во периодот јануари-март 2023 се движеше од 17.200 до 18.100 денари или просечно 17.787,37 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира