АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕР НАПЛАЌАЛ ЗА ПАРКИНГ МЕСТА СО СЕКС

    АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕР НАПЛАЌАЛ ЗА ПАРКИНГ МЕСТА СО СЕКССпоред извештајот на министерството за правда, истрагата започнала откако биле информирани за необичното однесување на заменик директорот. - Зградата на американското министерство за правда (Фото: АП)

    Заменик директорот на Американските маршали им наплатил на неколку жени со секс за да може да се паркираат на поубави места пред зградата на владината институција, откри истрагата на властите. Според извештајот на министерството за правда, истрагата започнала откако биле информирани за необичното однесување на заменик директорот.

    „Тој имал бројни сексуални односи со разни жени во владините простории“, пишува во извештајот.

    Исто така, било откриено дека во зависност од неговите лични односи, тој им дозволувал на многу неовластени вработeни со кои имал сексуални односи да можат да ги паркираат своите лични возила пред владината зграда.

    Според потврдените податоци, заменик директорот на Американските маршали контактирал со некои од идентификуваните жени и се обидел да ги убеди да не откријат никаква информација за сексуалните активности во канцелариите, а првично дал лажна изјава дека тој не направил нешто такво.

    Притоа, истиот заменик директор бил фатен како го вози свето куче со владиното возило, директен прекршок на правилникот на Американските маршали. Сепак, за ниту еден од неговите прекршоци, против заменик директорот нема биде покренато формално обвинение.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира