АМЕРИКАНСКИ ИСТРАЖУВАЧ ВЕРУВА ДЕКА ГО ПРОНАШОЛ АВИОНОТ НА АМЕЛИЈА ЕРХАРТ, КОЈА ИСЧЕЗНА НАД ТИХИОТ ОКЕАН ПРЕД 87 ГОДИНИ

    АМЕРИКАНСКИ ИСТРАЖУВАЧ ВЕРУВА ДЕКА ГО ПРОНАШОЛ АВИОНОТ НА АМЕЛИЈА ЕРХАРТ, КОЈА ИСЧЕЗНА НАД ТИХИОТ ОКЕАН ПРЕД 87 ГОДИНИЕрхарт исчезнала кога се обидувала да го обиколи светот со авион (Фото: Алами)

    Поранешен американски разузнувач верува дека ја решил една од најголемите мистерии на 20. век, откривајќи ги остатоците на авионот на Амелија Ерхарт, која исчезна пред речиси девет децении. Тој наводно ги лоцирал на дното на Тихиот Океан со помош на дрон за длабински подморски истражувања.

    Тони Ромео планира мисија подоцна оваа година или следната, во обид да го пронајде авионот по кој неуспешно се трага од 1937 година.

    „Ерхарт е најпознатата исчезната личност во САД. Сѐ додека е исчезната некој ќе ја бара. Се надевам дека ќе ја затвориме оваа приказна и ќе ја вратиме Амелија дома“, изјави Ромео.

    Ерхарт во 1932 година стана првата жена и само втор човек кој сам го прелетал Атлантскиот Океан без застанување, пет години откако тоа му успеа на Чарлс Линдберг. Заедно со навигаторот Фред Нунан, таа се обидувала да го обиколи светот со авион, кога исчезнале над Тихиот Океан.

    Тимот на Ромео пребарал повеќе од 13.400 квадратни километри за период од 100 дена.

    Ромео, кој сега е извршен директор на приватната истражувачка компанија „Дип си вижн“, верува дека остатоците на авионот лежат на длабочина од над 5.000 метри, околу 160 километри од островот Хауленд, што е на половина пат меѓу Хаваи и Австралија. Нејасни сонарни снимки од дронот на Ромео покажуваат облик налик на авион на рамното песочно океанско дно. Ромео тврди дека овој облик се совпаѓа со големината на авионот „локхид модел 10-Е електра“, со каков што летала Ерхарт.

    Тој верува дека авионот на Ерхарт останал без гориво, па слетал на океанската површина, по што по некое време потонал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира